Русија е подготвена да помогне во решавање на кризата во Венецуела

Од:

Русија е подготвена да помогне за наоѓање решение за кризата во Венецуела, доколку внатрешната ситуација го дозволува тоа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– За политичко решевање на венецуелската криза е неопходно започнување дијалог со сите главни политички сили во земјата, што ќе создаде услови за надминување на тешката економска криза, наведува Захариева.

Таа нагласи дека Русија ги осудува воведените санкции од САД против финансискиот и нафтениот сектор на венецуелската економија, кои очевидно „имаат за цел да ја продлабочат нестабилната ситуација и да ги поттикнат противниците на сегашната Влада да го отстранат од власт претседателот Мадуро“.

Би можело да ве интересира

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина