САД и предадоа обвинение на руската страна во врска со притворот на руски државјани осомничени за нелегален извоз на воената технологија, изјави денеска заменик-шефот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјапков.
– Американците не го признаваат двојното државјанство и сите уапсени ги сметаат исклучиво за граѓани на САД. Сепак, успеавме да добиеме конзуларен пристап до четворицата уапсени (со руско државјанство) – рече Рјапков.
Тој додаде дека во целиот случај има многу нејаснотии и дека Министерството за надворешни работи на Русија го проучува обвинителниот акт. Руските граѓани осомничени во истрагата во САД за наводен шверц на висока воена технологија во Русија ги отфрлија обвиненијата.
– Сите обвиненија против мене се незаконски, јас не правам ништо нелегално – вели Сергеј Клинов, шеф на московската филијала на компанијата Апекс, која е во центарот на скандалот.
Клинов за весникот Известија рече дека тој дознал дека неговата компанија, наводно е вмешана во криминални активности, од утринските весници.
– Се обидуваме да разбереме што се случило – додава Клинов, кој е еден од 11 осомничени, како нерегистрирани агенти на руската влада биле вклучени во шверц на високо-технолошки производи кои им се продавале на руските безбедносни служби и војската.
Американските власти ги уапсија осморицата на почетокот на оваа недела, додека тројца, вклучувајќи го Клинов, се наоѓаат во Русија, надвор од дофатот на американската правда, изјави претставникот канцеларијата на федералниот обвинител на Бруклин,во Њујорк.
Како што изјави за РИА Новости, адвокатот на четворицата руски државјани, тие се појавија во судот вчера и се изјаснија дека не се виновни.
Американските обвинители тврдат дека Апекс е сертифициран снабдувач на руската армија, на која и испорачувал микроелектроника без потребните документи за извоз,прикажувајќи ги како цивилни артикли.