Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Од:

Украинската Воена разузнавачка служба (ХУР) објави дека Северна Кореја и испорачала на Русија повеќе од 100 балистички ракети со краток дострел и пет милиони гранати.

Исто така, според извештајот на ХУР, Пјонгјанг почнал да испраќа артилериски системи во Русија минатиот месец, објави Киев Индипендент.

Според ХУР, Северна Кореја досега испорачала повеќе од 100 различни парчиња воена опрема, вклучувајќи артилериски системи М-1989 од 170 милиметри и ракетни фрлачи М-1991 од 240 милиметри.

Би можело да ве интересира

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна