Русија: Без напредок во разговорите со Иран

Од:

Експертските разговори меѓу Русија и Иран за иранската нуклеарна програма не забележаа напредок, иако се водени во позитивна атмосфера, изјави денеска главниот руски преговарач, заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој напомена дека е постигнат „одреден напредок“, дека тој е „вистински, но недоволен за да се зборува за придвижување напред“.

Рјабков по денешните разговори со иранската делегација во Истанбул истакна дека двете страни имаат имаат „уште многу домашни задачи“, пред да се одржи четвртата рунда разговори на високо ниво во Алмати на 5 и 6 април.

Европската унија соопшти дека светските сили, петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и Германија му доставиле на Иран нови детали од предложениот договор, кој има за цел да и стави крај на меѓународната загриженост, околу нуклеарната програма на Техеран.

Шесторката минатиот месец му понуди на Иран ублажување на санкциите на извоз на нафта или финансиското работење, во замена за отстапки околу контролата на чувствителното прашање за збогатување ураниум.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски