Русија апелира Турција да покаже воздржаност во Сирија

Од:

Русија ја повикува Турција да покаже воздржаност и да спречи понатамошна ескалација во Сирија, изјави денеска на прес-конференција претставникот на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.

– Ги повикуваме нашите турски колеги да покажат одредена воздржаност за да се спречи ескалација на тензиите, не само во северниот и североисточниот дел на Сирија, туку и во целата земја. Сметаме дека треба да продолжиме да работиме со сите заинтересирани страни и да се обидеме да најдеме вистински решенија, вклучително и за така нареченото курдско прашање, истакна Лаврентиев.

Тој потсети дека поради неодамнешниот терористички напад во центарот на Истанбул, во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени, Турција започна воздушна операција наречена „Канџа-меч“.

Осомничените за овој напад во Истанбул признаа дека се поврзани со Курдиската работничка партија (ПКК), чии активности се забранети во Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади