Русеф ќе го тужи сенаторот кој ја обвини за корупција во скандалот со „Петробрас“

Од:

Бразилскиот претседател Дилма Русеф изјави дека ќе поднесе тужба против сенаторот Делсидио Амарал затоа што во интервју за еден локален неделник ја обвини дека знаела оти работи погрешно, па се обидела да ја блокира истрагата за корупцискиот скандал со државната нафтена компанија „Петробрас“.

Русеф ги отрфла обвинувањата, но десетици членови на управниот одбор на компанијата, извршни директори, како и политичари, меѓу кои и поранешниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, во досегашниот тек од широката истрага, се осомничени за примање поткуп и за перење пари, а повеќемина од нив беа притворени и сослушувани.

Сенаторот Амарал е поранешен лидер на владејачката Работничка партија во Сенатот на Бразил, но откако беше осомничен и едно време притворен, се спогоди со обвинителството за соработка во натамошната истрага.

Бразилската јавност во големо мнозинство се согласува со истрагата, но претседателката Русеф обвинува дека таа е „исполитизирана„ и гоо критикуваше главниот федерал судија во истрагата Серхио Мело затоа што дозволи да се објават делови од снимениот разговор што таа го имала со Лула.

Во него, Русеф му ветува дека ќе го заштити, на тој начин што ќе го именува за член на владиниот кабинет, со што неговиот случај повеќе нема да биде во надлежност на федералниот суд, туку на Врховниот суд, каде сите случаи се прцесуираат многу позабавено.

Претседателката ги отфрла обвинувањата дека на тој начин се обидува да ја попречува правдата, но еден судија на Врховниот суд, сепак, го блокираше назначувањето на 70 годишниот Лула за шеф на кабинетот на Русеф.

Претседателката се наоѓа под силен притисок во јавноста да поднесе оставка, а опозицијата покрена иницијатива за импичмент против Дилма Русеф во Конгресот.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски