Русеф: Бразил ја губи битката против вирусот зика

Од:

Бразил ја губи битката против ширењето на вирусот зика, изјави претседателката на Бразил Дилма Русеф и повика на искоренување на комарците во земјата. 

– Немаме повеќе вакцини за зика. Единствено што можеме да правиме е да се бориме против комарците, изјави Русеф за новинарите за време на посетата на командниот центар за борба против вирусот Зика, и упати повик кон Бразилците да ја отстранат застоената вода во барите и отворените резервоари каде се леглата на инсектите, пренесува Танјуг. 

Се смета дека вирусот зика е одоворен за значителниот раст на бројот на случаи на родени деца со тешки оштетувања на мозокот во Бразил. 

Светската здравствена организација (СЗО) процени дека во наредните година дена во Северна и во Јужна Америка со вирусот зика би можело да се заразат три до четири милиони луѓе, како и дека болеста би можела да се прошири во Кина. 

Претставникот на оделението на СЗО за спречување на епидемиите во Северна и Јужна Америка, Силван Алдигјери објасни дека проценката се заснова на претходниот број на заразени од денга треската, која, исто така ја пренесуваат комарците.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски