Руперт Мардок тврди дека Обама „не е доволно црнечки претседател“

Од:

Медиумскиот магнат Руперт Мардок изјави дека Барак Обама „не е доволно црнечки претседател“ затоа што малцинските заедници во САД се разочарани од неговото претседателство, во изминатите седум години.

На својата страница на Твитер, Мардок вели дека републиканскиот кандидат за претседателска номинација, за изборите во 2016 година, Бен Карсон е подоброто решение.

Карсон кој е пензиониран неврохирург, е единствениот афроамериканец меѓу 15 претенденти за номинацијата на Републиканската партија.

Тој минатиот месец најави повлекување од изборниот процес, откако остро беше нападнат во американската јавност, затоа што изјави дека муслиман не може да биде претседател на САД, бидејќи тоа е „неуставно решение“.

Карсон смета дека муслиман не може да стане претседател, бидејќи ќе мора да положи заклетва и тоа врз Библијата, што ниту еден муслиман не би го направил, но барем засега тој , формално , останува меѓу републиканските кандидати.

Актуелниот претседател Барак Обама, од почетокот на својот избор за претседател, ги одбегнува темите и прашањата околу расите, оставјаќи други да зборуваат за расните состојби во земјата.

Минатата недела, списанието „Њујорк“ објави истражување од кое се гледа дека претставниците на американската црнечка заедница, објаснуваат дека би сакале да се направи повеќе за меѓурасните проблеми во САД.

Мардок (84) е основач на глобалната медиумска компанија „Њуз корпорејшн“.

Меѓудругото, во сопственост на оваа компанија се телевизискиот канал Фокс њуз и весниците „Њујорк пост“ и „Волстрит џурнал“ во САД, како и „Скај Њуз„ и веснците „Тајмс„ и „Сан„ во Велика Британија.

Руперт Мардок многу чест е рангиран како еден од највилјателните луге во светот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак