Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ, ископал скапоцен камен тежок шест килограми

Од:

Танзаниски рудар пронајде редок сино-темновиолетов скапоцен камен, познат како „танзанит“, тежок над шест килограми.

Пронаоѓачот Саниниу Лајзер (52) во јуни на овој начин стана милионер, откривајќи два слични скапоцени камења од околу девет и пет килограми, кои ѝ ги продаде на владата на Танзанија за околу 3.5 милиони долари. Сега најде уште еден, а наодот се проценува на 4,7 милијарди танзански шилинзи или околу два милиона долари.

Лајзер инаку има 30 деца. Со своите пари, тој има намера да помогне при изградба на нови училишта, болници, како и модернизација на својот сточарски имот.

Танзаниската Влада го засили обезбедувањето на областа Манијара, каде што се пронајдени трите камења, поради опасност од диви копачи.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во рудник крај Пробиштип тешко повреден е рудар

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија

Несреќа во рудник во Чешка, еден рудар загина, неколку негови колеги се повредени

ВИДЕО: Патнички авон падна во езерото Викторија, во тек се спасувачка акција

Катерина Ѓуровски

Девет лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати, во бродолом во Индискиот Океан

Ана Ололовска