Кинеската војска ротираше војници во Хонг Конг, објаснувајќи го тој потег како рутински, објавија државните медиуми, додека протестите против Пекинг продолжуваат.
Азиски и западни дипломати во Хонг Конг ги сметаат потезите на Народноослободителната армија (ПЛА) како рутинска ротација на војниците, но внимателно го следат секој знак за нивно зголемување или невообичаена активност.
– Гарнизонот во Хонг Конг на кинеската Народноослободителна армија рано утрово ја спроведе 22-та ротација на своите трупи, откако започна да распоредува трупи во Хонг Конг во 1997 година, објави новинската агенција Ксинхуа.
Во Хонг Конг веќе три месеци се одржуваат насилни протести против Владата, предизвикани од сега веќе отфрлениот предлог-закон за екстрадиција во Кина. Постои стравување дека Пекинг се обидува да ја стави територијата под поголема контрола.