Ромпуј: ЕУ ќе ја поддржи сириската опозиција и цивилите

Од:

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј денеска изјави дека Европската унија ќе ги истражи сите начини да ја поддржи и да и помогне на сириската опозиција и да овозможи поголема поддршка во заштитата на сириските цивили.

Тој истакна дека сите лидери се согласни во намерата да поддржат единственот легитимен претставник на сирискиот народ Националната коалиција на опозициските и бунтовничките сили.

Лидерите на ЕУ го повикаа сирискиот претседател Башар ал Асад да замине од власт и да овозможи политичка транзиција во земјата, која ќе ги обезбеди сите демократски и малцински права на сирискиот народ.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на седницата одржана на 10 декември ја признаа Националната коалиција на опозициските и бунтовничките сили на Сирија како единствен официјален претставник на сирискиот народ.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение