Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни го обвини вчера претседателот на САД, неговиот демократски проивкандидат за ноемвриските избори, Барак Обама, дека не бил во состојба да и се наметне на Кина да ја промени својата валутна политика за низок курс на јуанот, пренесоа британските медиуми.
Четири години откако вети дека Кина ќе „ја стави на место“ заради нејзината манипулативна валутна пракса, претседателот Обама повторно не го оддржа својот збор, изјави Андреа Сол, портпаролка на предизборниот штаб на Ромни. „Не можеме да си дозволиме да чекаме уште четири години претседателот Обама да не реши да се спротивстави на Кина. Мит Ромни ќе го направи тоа во првиот ден од своето претседателство“, се наведува во соопштението на штабот на републиканците.
Во петокот Министерството за финансии на САД најави дека го одлага објавувањето на својот полугодишен монетарен извештај за по средбата на министрите за финансии на Г-20 во Мексико, закажана за 4 и 5 ноември. Тоа значи дека е мала веројатноста овој извештај да биде објавен пред претседателските избори на 6 ноември, посочуваат американските медиуми.