Романскиот премиер привремено се повлекува од функцијата поради здравствени причини

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта, кој е под истрага за затајување данок и перење пари, денеска соопшти дека привремено се повлекува од функцијата поради здравствени причини.

Понта, кој се наоѓа на лекување во Турција поради повреда добиена на кошарка, ќе упати писмо до претседателот Клаус Јохансон во кое ќе побара како негов заменик на период од најмногу 45 дена да биде именуван вицепремиерот Габриел Опреу.

Во порака на својот Твитер профил, Понта (42) објави дека наскоро ќе ја напушти болницата по операција на коленото, но дека ќе му бидат потребни неколку недели да заздрави.

Обвиненијата со кои се соочува романскиот премиер Виктор Понта ја турнаа земјата во длабока политичка криза. Тој е под истрага за затајување данок и перење пари во периодот меѓу 2007 и 2011 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он