Романскиот премиер даден на суд поради неорганизирање на делумни локални избори

Од:

Романската опозициска Национал-либерална партија, чиј кандидат Клаус Јоханис победи на претседателските избори, денеска поднесе три жалби до Апелацискиот суд во Букурешт против премиерот Виктор Понта поради неговото одбивање да организира делумни избори за градоначалници и претседатели на Окружните совети.

Национал-либерална партија посочува дека премиерот Понта одбил да организира делумни избори за претседателот на Окружниот совет на Клуж и други 22 градоначалнички изпразнети места, со што помина законскиот 90-дневен рок за организирање на локални избори.

Либералите тврдат дека повеќе пати јавно побарале од Владата да организира делумни избори, но Понта одбивал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он