Романскиот Парламент ќе се изјасни денеска за доверба на Владата

Од:

Романската Влада на Сорин Гриндеану ќе се соочи денеска со гласање за доверба во Парлементот, по донесувањето на уредбата за декриминализација на дела поврзани со корупција, извршени од официјални лица, која предизвика масовни повеќедневни протести во романските градови.

Се очекува Владата на Гриндеану да го „преживее“ гласањето, имајќи предвид дека неговата Социјалдемократска партија и Алијансата на демократските либерали се мнозинство во романскиот Парламент.

Владата минатата недела го заобиколи Парламентот и ја усвои спорната уредба, поради што со денови се организираат масовни протести во кои се бара и оставка на Владата.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија