Романскиот јазик не постои, Романците зборуваат молдавски, смета поранешен претседател на Молдавија

Од:

Поранешниот претседател на Молдавија и лидер на Комунистичката партија Владимир Воронин изјавил дека романскиот јазик никогаш не постоел и оти Романците го презеле јазикот од Молдавците, објави романскиот весник Журналул национал.

Воронин тоа го кажал пред студенти на Меѓунарден универзитет во Молдавија каде бил поканет на конференција.

– Јас како пратеник во последниот совет на Молдавската Советска Социјалистичка Република на 31 август 1989 година, дигнав рака за законот за државен јазик, законот за функционирањето на јазиците во Молдавија, во кој се посочува дека нашиот јазик е молдавски.

– Што прават тие сега? Каде е молдавскиот јазик? Тие не разбираат и не знаат дека романскиот јазик како таков не постои и никогаш не постоел. Тој е резултат од создавањето на романската држава, изјави Воронин, познат по антиромански ставови.

– Романија кога се формираше го презема нашиот јазик, молдавскиот и го нарече романски бидејќи државата се нарекува Романија, нагласи Ворнонин.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски