Романски пратеници предлагаат Меѓународниот ден на детето да биде неработен

Од:

Поголема група пратеници во романскиот Парламент покренаа иницијатива за прогласување на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни за неработен ден во Романија, објави денеска весникот „Евениментул зилеј“.

Во иницијативата, предложена од 85 пратеници од различни политички партии, се наведува дека на овој начин сакаат да ги поттикнат родителите да минуваат повеќе време со своите деца,

– Времето што родителите го минуваат со своите деца е наједноставен и најефикасен начин за создавање и развој на здрава врска меѓу родителот и детето, се посочува во предлогот.

Иницијативата за прогласување на 1 јуни за неработен ден веќе е доставена на разгледување до горниот дом на Парламентот, Сенатот.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија