Романски хакери оштетиле американски граѓани за четири милиони долари

Од:

Во Романија е разбиена хакерска мрежа, која оштетила американски граѓани за четири милиони долари.

Обвинителите од Дирекцијата за истрага на организираниот криминал и тероризам денеска извршиле 27 рации во Букурешт и седум други окрузи на лица, осомничени за информатички измами.

Се претпоставува дека тие измамиле сто американски државјани преку организирањето на лажни продажби преку Интернет. Штетите се проценуваат на четири милиони долари.

Истрагата е остварена во соработка на службеници на ФБИ и на американската тајна служба „Сикрет сервис“.

Би можело да ве интересира

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ