Романската Социјалдемократска партија освои 154 места во Претставничкиот дом и 67 во Сенатот

Од:

Романската Социјалдемократска партија освои 45,67 проценти од гласовите во Сенатот и 45,47 отсто во Претставничкиот дом според конечните резултати од парламентарните избори одржани на 11 декември, изјави заменик-претседателот на Централното изборно биро Мариан Мухулец.

Десноцентристичката Национално-либерална партија добила 20,41 отсто од гласовите во Сенатот и 20,04 проценти во Претставничкиот дом.

Сојузот за спас на Романија има 8,92 отсто во Сенатот и 8,87 проценти во Претставничкиот дом, Демократската унија на Унгарците во Романија – 6,24 во Сенатот и 6,18 во Претставничкиот дом, Алијансата на либералите и демократите – шест процент во Сенатот и 5,63 отсто во Претставничкиот дом и Партијата народно движење – 5,65 отсто гласови во Сенатот и 5,34 проценти во Претставничкиот дом.

Во Сенатот Социјалдемократите ќе имаат 67 места, Национално-либерална партија 30 места, Сојузот за спас на Романија – 13, Алијансата на либералите и демократите – девет, Демократската унија на Унгарците во Романија – девет, Партијата народно движење – осум. Во Претставничкиот дом Социјалдемократска партија доби 154 места, Национално-либерална партија – 69, Сојузот за спас на Романија – 30, Демократската унија на Унгарците во Романија – 21, Алијансата на либералите и демократите – 20 и Партијата народно движење – 18 места.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија