Романската опозиција ќе поднесе интерпелација за Владата

Од:

Романската опозициска Национално-либерална партија в петок, на 5. јуни ќе поднесе гласање за недоверба на левичарската Влада на премиерот Виктор Понта, изјави првиот заменик-претседател на НЛП, Лудовик Орбан.

Тој додаде дека најверојатно гласањето за недоверба на Владата ќе се одржи за две недели.

Орбан посочи дека во рамките на Социјалдемократската партија и Националниот сојуз за прогрес на Романија, кои се дел од владејачката коалиција „постои длабоко незадоволство од премиерот Виктор Понта и начинот на кој функционира Владата“, но оти незнае дали незадоволството ќе обезбеди гласови да се изгласа недоверба.

Основниот мотив на либералите за интерпелацијата е поради неизменетиот изборен закон. Опозицијата бара измени на изборниот закон откако голем број Романци во странство не успеаја да гласаат на претседателските избори во декември 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он