Романија: Се размислува за воведување задолжителни часови за кибер безбедност во училиуштата

Од:

Романските власти размислуваат за воведување задолжителни подготвителни часови за кибер безбедност во училиштата во земјата, имајќи предвид дека од се помала возраст учениците имаат пристап до Интернетот и на тој начин се изложуваат на најразлични ризици, изјави директорот на Кибер центарот во романската служба за безбедност, Флорин Козмој, информираат романските медиуми.

Директорот Козмој објасни дека проблемот бил разгледан на седница на Врховниот совет за национална одбрана, како и во ресорните парламентарни комисии.

Според него, таквите часови најверојатно ќе се воведат во гимназиите. Помалите ученици,пак, ќе бидат обучувани како да избегнуваат пристап до сомнителните адреси на Интернет, да не ги даваат своите лични податоци и како безопасно да сурфаат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он