Романија протерува руски дипломат во знак на солидарност со Чешка

Од:

Романија ќе протера руски дипломат во знак на солидарност со Чешка, која има дипломатски судир со Москва, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Букурешт, следејќи го примерот на неколку земји од Централна и Источна Европа.

– Романските власти одлучија да го прогласат Алексеј Гричаев, заменик воен аташе во Руската амбасада во Букурешт, за персона нон грата во Романија, со оглед на неговите активности и дејствија кои се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на Министерството.

Романското МНР додава дека рускиот амбасадор Валериј Кузмин бил поканет и информиран за таа одлука.

Минатата недела чешката Влада ја обвини руската тајна служба дека е одговорна за експлозијата на складиштето за муниција во 2014 година, при што загинаа две лица, и протера 18 руски дипломати поради шпионажа.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година