Романија: Предлог за флексибилно работно време за родители кои немаат кој да им ги чува децата

Од:

Романската министерка за труд Виолета Александру препорача флексибилно работно време за родители кои немаат на кого да ги остават децата дома.

Таа мерка е по одлуката за затворање на училиштата во Романија од утре до 22 март.

– Препорачуваме флексибилно работно време за родители кои немаат кому да ги остават децата дома, напиша таа на Фејсбук.

Таа дополни дека работното време на родителите треба да биде адаптирано кон родителите кои се грижат за мали деца.

Од утре до 22 март во Романија ќе бидат затворени сите училишта и градинки. Можно е мерката да биде продолжена.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген