Романија: Повеќе од 500 војници од осум земји учествуваа во воените вежби „Платинест орел“

Од:

Вкупно 500 војници од Македонија, Бугарија, Црна Гора, Србија, Романија, Словенија, Украина и САД учествуваа во воените вежби „Платинест орел“, што се спроведуваат во округот Галац – источна Романија, во периодот од 20 февруари до 1 март.

Во соопштението на романското Министерство за одбрана се посочува дека романската војска учествува во вежбите со над 200 војници од копнените, воздушните и военоморските сили.

Минатата недела беше соопштено дека претседателот на Молдавија Игор Додон одбил да го потпише указот за учество на молдавски контингент во вежбите на НАТО „Платинест орел“ во Романија.

Молдавија учествува во тие маневри од 2015 година.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија