Романија почна истрага за злоупотреба на детски труд против „Киндер”

Од:

Романското Јавно обвинителство, по репортажата на британскиот таблоид „Сан”, започна истрага во врска со обвинувањата за искористување на детски труд во компанијата за кондиторски производи „Киндер”.

– Започнавме истрага против непознат сторител за искористување малолетни лица поради остварување профит, изјави портпаролка на Обвинителството, Михаела Пориме.

Во статијата на „Сан” се говори за две деца, на возраст од 6 и 11 години, од романскиот градот Кареи, кои работеле 13 часа на ден во погон ан „Кинедер“ заедно со нивната мајка, за таа да да добие поголема плата.

Локалното здружение за права на децата, од друга страна, изрази сомнеж за веродостојноста на кажаното.

– Исклучено е децата да бидат експлоатирани 13 часа на ден, зашто тие редовно посетуваат училиште и градинка, изјави директорката Маријана Драгос за агенцијата Аџепрес.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година