Романија очекува да биде одобрена идејата за формирање на флота на НАТО во Црно Море

Од:

Романија се надева дека на самитот на НАТО во Варшава во јули ќе биде одобрена идејата за формирање на флота на Алијансата во Црно Море, во чиј состав ќе има украински и грузиски воени бродови, изјави денеска романскиот министер за одбрана Михња Јоан Моток.

Тој додаде дека е планирана и платформа за воени поморски вежби, кои предвидуваат постојана ротација.

– Таквата формула ќе биде отворена и за сојузниците, кои не се црноморски земји, но постојано  учествуваат во воени вежби во Црно Море или се закотвуваат во пристаништата, првенствено САД. посочи Моток.

Тој наведе дека за иницијативата не разговарал со Русија.

– Имаме ограничени политички и воени контакти со Русија, но таквите иницијативи не се насочени кон никого, потенцира Моток.

Би можело да ве интересира

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски