Романија ќе донесе одлука за квотите за бегалците, откако ЕК ќе го претстави својот план

Од:

Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску изјави дека се уште не е донесена официјална одлука за квотите за бегалците и додаде дека Романија ќе ја донесе таа одлука, откако Европската комисија ќе го претстави на 9 септември планот за решавање на актуелната криза со мигрантите.

– Откако ќе го видам планот на ЕК, ќе имаме многу сериозен разговор на ниво на министерства, бидејќи Министерството за надворешни работи нема исклучителни компетенции по тоа прашање, додаде Ауреску.

Тој истакна дека и покрај тоа што светските медиуми пишуваат за серија од квоти, кои ќе се применуваат за секоја земја-членка на ЕУ, сепак тие бројки не се соопштени официјално на ниту една држава членка.

– Тие бројки засега остануваат само на ниво на шпекулации, рече романскиот министер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он