Романија испратила и втора номинација за нов еврокомесар

Од:

Романија испратила втора номинација за еврокомесар, освен онаа на досегашниот еврокомесар за земјоделие, Дачиан Чолош, соопшти весникот „Гандул“, забележувајќи дека вториот предлог на Букурешт за еврокомесар е жена.

Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека дал втор предлог за еврокомесар, откако новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан-Клон Јункер му пренел дека е малку веројатно задржувањето на досегашната функција за земјоделие.

-Категорично е жена, затоа што тоа ќе ни помогне да добиеме важен ресор, вчера искоментира Понта.

Според шпекулации во романските медиуми, втората номинација за еврокомесар се однесува на европратеничката од владеачката Социјалдемократска партија Корина Крецу.

Би можело да ве интересира

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Силен земјотрес ја погоди Романија

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата