Романија и Украина не дозволија прелет на авионот на Рогозин

Од:

Рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин, кој беше во посета на молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје, на својот профил на Твитер објави дека Романија и Украина не му дозволиле прелет над своите територии на неговиот авион, но дека тој сепак ќе полета од аеродромот во Кишињев.

– Полетуваме и покрај забраната, напиша Рогозин, при тоа детално опишувајќи ја состојбата.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Рогозин престојуваше во Тираспољ, „главниот град“ на Придњестровје, каде вчера присуствуваше на парадата по повод Денот на победата над фашизмот.

– По барање на САД, Романија ми го затвори својот воздушен простор, а и Украина не ме пушта, наведе Рогозин на Твитер.

Украина не му дозволи прелет на авионот на Рогозин ниту пред два дена кога патуваше кон Кишињев, па леталото кружеше преку Бугарија и Романија.

– Добро е што Украина не е (голема колку) Русија, зашто ќе требаше да ја заобиколуваме 20 часа. Вака ја заобиколивме за 4,5 часа, напиша тогаш Рогозин на Твитер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Силен земјотрес ја погоди Романија

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција