Романија ги направи јавни сите државни финансии, за да ја запре корупцијата

Од:

Романците веќе имаат целосен пристап до податоците за приходите и расходите на државните институции во рамки на иницијативата, која може да помогне во борбата против корупцијата, изјави денеска романскиот премиер Дачиан Чолош, пренесе БТА.

Романија се смета за една од најкорупмираните членки на ЕУ и Брисел го држи нејзиниот судски систем под специјално набљудување, заедно со тој на Бугарија.

Oд денеска преку програма на Министерството за финансии, стануваат достапни податоците за месечното исполнување на буџетот на околу 17.720 државни институции, меѓу кои Парламентот, министерствата, училиштата и болниците.

– Секој граѓанин, компанија и данчен обврзник, може да види сега како се распределени државните средства и како се трошат од локалната, окружната и централната администрација, изјави Чолош.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година