Романија е на прво место во Европа по употреба на антибиотици

Од:

Романија се наоѓа на прво место во Европа по употреба на антибиотици, изјави денеска романскиот министер за здравство, Влад Војкулеску.

Тој нагласи дека три проценти од Романците секој ден земаат антибиотици, а во Романија има 70 отсто поголема побарувачка на лекови од просечното европско ниво.

– За жал стигнавме до прво место во Европа по употреба на антибиотици, истакна Војкулеску.

Меѓу факторите, кои придонесуваат за прекумерна употреба на антибиотици, министерот ги наведува механизмите за контрола во болниците, недоволниот број на специјалисти за инфективни болести во здравствените установи, како и едукацијата на населението.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија