Илјадници Романци одржаа протест, 27. ноќ по ред, а учесниците формираа знаме на Европската унија, во знак за поддршка на Унијата и нејзините вредности.
Синоќа на плоштадот „Викторија“ во Букурешт се собраа илјадници лица со цел да протестираат против актуелната романска Влада, а демонстрантите извикуваа „оставка“ и „крадци“, а потоа со нивните тела го формираа грбот што се наоѓа на знамето на ЕУ – круг со 12 жолти ѕвезди на сина позадина, што го симболизира единството меѓу жителите на Европа.
За време на протестите полицијата ги затвори патиштата што водат до плоштадот каде се наоѓа зградата на Владата на Романија.
Граѓаните на Романија секоја ноќ протестираат откако Владата ја освои уредбата за декриминализација на случаи за корупција.
Уредбата подоцна беше повлечена, а поради целата ситуација министерот за правда поднесе оставка.
Меѓутоа, граѓанните на Романија бараат оставка на целата Влада.