„Ројтерс“: ЕУ ќе ја прошири „црната листа“ поради украинската криза

Од:

„Ројтерс“ повикувајќи се на дипломатски извори од Европската Унија, пренесе дека владите на државите членки на ЕУ постигнале договор за проширување на листата санкции, во врска со состојбата во Украина.

ЕУ до сега усвои и повеќе пати го прошири списокот санкции, за лица кои ги смета за одговорни за украинската криза.

Моментално на списокот се наоѓаат имиња на 61 лице од Русија и Украина, на кои им е забранет влез во ЕУ, а нивните евентуални заштеди во банките на државите членки се замрзнати и воведени се санкции за две енергетски компании од Крим.

Руската државна агенција „Итар тас“ исто така повикувајќи се на извори во европските институции, пренесе дека Советот на ЕУ на ниво на постојаните претставници од 28-те држави членки, постигнал начелно разбирање за можно проширување на ограничувачките мерки кон Русија, односно „црна листа“ на граѓани на Русија и Украина на кои привремено до ноември им е забранет влез во државите на Унијата и се замрзнати нивните заштеди.

ЕУ побара најпрвин да се формира „механизам од мониторинг за почитување на режимот за прекин на огнот и да се воспостави ефикасна контрола на границата под надзор на мисија на ОБСЕ, потоа на владините сили да им се вратат граничните пунктови Изварно, Должански и Красни Партизан, да бидат ослободени сите заложници, вклучувајќи ги и набљудувачите на ОБСЕ и да бидат покренати сеопфатни преговори поради спроведување на мировниот план на украинскиот претседател, Петро Порошенко.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите