Европскиот суд за правда денеска ќе одлучи за барањето на Гамбија да се донесат итни мерки во Мјанмар за заштита на Рохинџите од насилство.
Гамбија во декември покрена процес пред судот на ОН кој суди во спорови меѓу држави, обвинувајќи го Мјанмар за геноцид против Рохинџите, со што се крши конвенцијата од 1948 година.
Пресудата што треба да биде донесена денеска се однесува на барањето на Гамбија за донесување итни мерки и нема да прејудицира конечна одлука за која можеби ќе бидат потребни и години.
Гамбија побара серија заштитни мерки, вклучувајќи и итно запирање на насилството. Земјата побара од судиите да му наредат на Мјанмар да им обезбеди пристап на телата на ОН кои ги истражуваат наводните злосторства против Рохинџите.
По воената интервенција во 2017 година од Мјанмар во соседен Бангладеш избегаа повеќе од 730.000 Рохинџи. Истрага на ОН заклучи дека воената интервенција имала „геноцидни намери“.