Рохани за Венецуела: САД се залагаат за светска хегемонија

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за „светска хегемонија”, тврдејќи дека Вашингтон се обидува да го урне венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Американците во суштина се против сите национални револуции и независни држави и со нивното задушување тежнеат за глобална хегемонија, рече Рохани на состанокот со амбасадорот на Венецуела во Техеран.

Иран, кој е под притисок на повторно наметнатите американски санкции, изрази поддршка за Мадуро, кој се соочува со барање од САД да ја напушти власта.

Русија, Кина и Турција, исто така, го поддржаа Мадуро.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје