САД и Иран ги направија првите чекори кон намалување на непријателството во меѓусебните односи по потпишувањето на договорот за иранската нуклеарна програма, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.
– Најважно е во кој правец се движиме. Дали кон зајакнување на непријателството или намалување на степенот на анимозитет? Јас сметам дека ние ги направивме првите чекори кон подобрување на односите, истакна Рохани.
Според него, и покрај постигнатиот договор, „несогласувањата и недостигот на доверба во американско-иранските односи, сепак нема да исчезнат брзо“.
Тој изрази увереност дека иранскиот Парламент и Високиот совет за национална одбрана ќе го одобрат склучениот договор меѓу Техеран и шесте светски сили.