Рогачов: Русија не планира да и се приклучи на коалицијата предводена од САД

Од:

Директорот на Службата за нови предизвици и закани при руското Министерство за надворешни работи, Илија Рогачов денеска изјави дека Русија не планира да се приклучи кон коалицијата, предводена во САД, во борбата против Исламска држава (ИД), истакнувајќи дека Москва била подготвена да го разгледа можното барање на Ирак за ангажирање на руските воздухопловни сили во оваа земја.

Според него, коалицијата предводена од САД треба да дејствува со почитување на меѓународното право, што сега не е случај.

– Теоретски тоа би било добро од политичка гледна точка, но сметам дека е тешко ние да ги прифатиме принципите според кои дејствува коалицијата. На тој темел кој сега постои, тешко дека можеме да се здружиме, истакна Рогачов.

Тој го повтори ставот на Москва дека немањето согласност на сириската Влада и одобрение од Советот за безбедност на ОН за ангажирање вооружени сили на сириска територија претставува грубото кршење на меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала