Роднините на жртвите од „Џерамнвингс“ ја одбија понудената отштета

Од:

Членовите на семејствата на загинатите патници при уривањето на авионот на „Џерманвингс“ на француксите Алпи на 24-ти март оваа година, ги одбија понудените 25.000 евра отштета по лице, јави ДПА.

Според адвокатот на 36 од семејствата на жртвите, Елмар Гимула, отштетата што ја понуди компанијата-мајка на „Џерманвингс“, „Луфтханза“ е недоволна.

Гумула рече дека семејствата сметаат оти „поприфатлива би била сума од по 100.000 евра“ по жртва.

Семејствата го одбиле и вториот предлог на „Луфтханза“ за исплата по 10.000 евра на секој жив родител, дете или партнер на загинатите. Според Гумула, со ваквата понуда би биле опфатени само „ограничен круг на луѓе“.

Во авионот на „Џерманвингс“, кој според истрагата намерно го урнал копилотот Андреас Лубиц, загинаа 150 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани