Италија: Родители на малолетно дете останаа без своите права откако одбија крв од вакцинирани за неговата операција

Од:

Родители на малолетното дете од Модена, Италија, кое поради проблеми со срцето морало да се оперира, останаа без своите права.

Судот за малолетници во Болоња привремено ги лишил од родителските права, бидејќи побарале од болницата, ако има потреба, да му дава на детето само крв од луѓе кои не биле вакцинирани против Ковид-19.

Детето наскоро ќе биде оперирано и ќе добие трансфузија на крв со која располага болницата, без разлика дали крвта е дарувана од вакцинирани или невакцинирани лица.

Таткото објасни дека тој и неговата сопруга сакаат неговото дете да прима крв само од невакцинирани луѓе бидејќи се плашат дека дел од протеинот Спајк може да му се префрли.

Исто така изјавил и дека тој и неговата сопруга останале без зборови кога слушнале дека судот донел таква одлука.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он