Робот оди на училиште наместо 7-годишно момче кое страда од тешки алергии кои не му дозволуваат да излегува од дома, соопштија американските медиуми.
Роботот VGo има безжичен видео-систем, дозволувајќи му на 7-годишниот Девон Кароу да се чувствува како да е во училиштето. Тој не само што може да учествува во работата на класот, но и да оди по ходниците, да биде со децата меѓучасовите и тн.
Соучениците на Девон, израснале со видеoигри, аватари и играчки со далечинско управување, и не гледаат ништо чудно во робот. На главата има видеоекран со лицето на Девон и тие го прифаќаат роботот за свој соученик – го викаат да играат заедно, раскажуваат негови шеги, споделуваат тајни.
Девон исто така не наоѓа ништо чудно во робот. За него, да го управува него и да разговара со своите пријатели, е како компјутерска игра.
Во управувањето на роботот учествува и учителката на Девон.