Робинзон Крусо постои во Австралија

Од:

Австралијанецот Дејвид Глашин е човекот кој живее на пуст остров веќе 20 години заедно со неговото куче Кваси.

Овој некогашен австралиски бизнисмен се повлекол на пустиот остров откако ги изгубил сите пари по крахот на берзата.

Хранејќи се со краби и кокосови ореви, Дејвид Глашин уживал во приватниот рај заедно со неговото куче, и за него тоа биле моментите кога се чувствувал дека е „најсреќниот човек на планетава“.

Но секоја среќа има крај, па така владата на Квинсленд му наредила на Глашин да го напушти островот бидејќи не ги исполнил условите за наем, а тоа е да изгради одморалиште на 1, 53 хектари простор.

Дејвид ваквата одлука ја нарече „ужасна“.

Иако ужива на преубавиот осторв, овој Австралијанец признава дека понекогаш се чувствува осамено. Не успеал во намерата преку интернет да најде сродна душа, која би живеела со него на егзотичниот остров.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски