Роберт Никлсон нов министер за надворешни работи на Канада

Од:

Канадскиот премиер Стивен Харпер изврши промена во кабинетот именувајќи го Роберт Никлсон за министер за надворешни работи на местото на Џон Берд, кој поднесе оставка минатата недела.

Николсон е ветеран на канадската политичка сцена, пратеник од 1984 година, а во јули 2013 година стана министер за одбрана. На таа функција ќе го замени Џејсон Кени.

Конзервативниот пратеник Пјер Поалиевр, кој е во Парламентот од 2004 година, станува министер за труд и социјална политика на местото на Џејсон Кени.

Промените во канадската влада доаѓаат по неочекуваната оставка на Џон Берд по 20 години активно учество во политиката. Берд не посочи причини за својата одлука.

Парламентарните избори во Канада се очекуваат најдоцна во октомври.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада