Роберт Фицо по атентатот на Трамп: „Сценариото е целосно копирано“

Од:

Политичките противници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп го поттикнуваат американско општеството додека некој не земе оружје во раце, сценариото на пукањето во САД е копија на истото во Словачка, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, кој и самиот неодамна преживеа обид за атентат.

„Сценариото е копирано. Политичките противници на Трамп се обидуваат да го затворат, а кога не можат, само го поттикнуваат општеството додека некој сиромав човек не го земе оружјето“, напиша Фицо на својата страница на социјалните мрежи.

Според неговото мислење, „сега ќе следуваат говори за потребата од помирување, смиреност и простување“.

Врз претседателскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп беше напревен обид за атентат за време на предизборен митинг во Пенсилванија. Трамп е ранет во увото, а напаѓачот беше убиен од припадници на американската тајна служба, која е специјално задолжена за заштита на највисоките функционери во земјата.

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше ранет во пукање по седницата на Владата на 15 мај, што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Фицо веднаш беше хоспитализиран во болницата во Банска Бистрица, а по неколкучасовна операција, 24 часа беше ставен во вештачка кома.

Фиц беше застрелан кога по седницата излезе да се поздрави со насобраните граѓани. Напаѓачот Јурај Цинтула веднаш беше уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро