Роберт Ф. Кенеди Џуниор, избра потенцијален потпретседател

Од:

Независниот кандидат за претседателските избори во САД, Роберт Ф. Кенеди Јуниор денеска ја избра Никол Шанахан за потпретседател, а неговата независна кандидатура се чини дека ги исплаши демократите, пишуваат медиумите.

Никол Шанахан (38) е калифорниска адвокатка и филантроп, таа никогаш не извршувала никаква јавна функција. Таа ја води Фондацијата „Биа-Ехо“, организација што ја основала за да насочи пари за прашања како што се науката за репродуктивност на жените, реформите во кривичната правда и животната средина.

Кенеди, поранешен демократ, го објави изборот за потпретседател во Оукленд, Калифорнија.

„Никол и јас ја напуштивме Демократската партија. Нашите вредности не се променети“, рече Кенеди.

Без партиска поддршка, Кенеди се соочува со тешка битка да влезе во трката поради различните правила во 50-те држави.

Кенеди го именуваше својот потпретседател бидејќи околу половина од државите бараат претседателските кандидати да го сторат тоа пред да влезат во трката и да се квалификуваат да бидат на гласачкото ливче.

Се чини дека кампањата на Кенеди донекаде ги исплаши демократите, кои се обидуваат да ја придобијат наклонетоста на „третите страни“, односно оние кои би можеле да го поддржат демократскиот кандидат Џозеф Бајден или републиканците и нивниот се поизвесен кандидат Доналд Трамп.

Бајден и Трамп, кои влегоа во „реванш“ на изборите одржани во 2020 година, генерално не се популарни кај американската јавност и ќе мора да се соочат со многу гласачи кои не се ентузијасти за ниту еден од нив.

Кенеди е потомок на познато влијателно и богато демократско семејство, во кое најпознати биле неговиот татко Роберт Ф. Кенеди, кој беше американски сенатор, државен обвинител и претседателски кандидат, и неговиот вујко, поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. И двајцата беа убиени во атентати.

Роберт Ф. Кенеди Џуниор бил тинејџер кога неговиот татко, познат како РФК, бил убиен за време на претседателската кампања во 1968 година.

Би можело да ве интересира

Кенеди: Бајден е поголема закана за американската демократија од Доналд Трамп

Горан Наумовски

Анкета во Америка: Кенеди ги зема гласовите и на Трамп и на Бајден

Горан Наумовски

Бајден му оддаде почит на Кенеди 60 години по атентатот

Кенеди: Одлуката на Бајден да ги мобилизира резервните сили значи подготовка за војна против Русија

Горан Наумовски

Кенеди: Ве лажат, Русите ги убиваат Украинците со 8:1

Предраг Петровиќ

Роберт Ф. Кенеди Џуниор размислува да се кандидира за претседател