Рјабков: Се намалува бројката на американски дипломати во Русија

Од:

Американски дипломати продолжуваат да ја напуштаат Русија во согласност со реципрочните барања на Москва, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

-Американската страна ги следи нашите инструкции. За жал, процесот на намалување на бројот на вработени продолжува и од двете страни. Ова не е наш избор, туку тие ја напуштаат американската Амбасада, следејќи ги барањата што ги поставивме, рече Рјабков, а пренесе Тасс.

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, претходно изјави дека во Вашингтон ќе останат само 184 вработени во руската Амбасада, откако една група ја напушти земјата до 30 јануари, во согласност со американското ограничување на мандатот на руските дипломати на три години.

Претходно, официјална Москва, како одговор на антируските санкции на Вашингтон и уште една рунда протерувања на руски дипломати, воведе забрана за вработување на руски и државјани на трети земји во американската Амбасада во Русија.

Амбасадата подоцна соопшти дека од 12 мај 2021 година ќе ги намали конзуларните услуги и дека ќе го прекине издавањето на недипломатски визи. Меѓутоа, оттогаш и издавањето дипломатски визи значително забави, оценува Тасс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари