Риши Сунак сепак се сели од луксузната куќа во Даунинг стрит

Од:

Новиот британски премиер Риши Сунак и неговото семејство ќе се вселат во традиционалната резиденција на британскиот премиер на Даунинг стрит 10, соопшти владата по големиот интерес на јавноста.

Шпекулациите за тоа каде ќе живее новиот премиер започнаа откако Сунак го одржа својот прв јавен говор како премиер пред Даунинг стрит 10. Тоа е спротивно на обичајот на новите премиери да ги имаат првите настапи пред резиденцијата со членови на семејствата.

Во исто време, Сунак и неговата сопруга Акшата Марти, родители на две деца, се меѓу најбогатите Британци и поседуваат неколку луксузни згради во Англија и Лондон.

Сето ова ги поттикна шпекулациите дека семејството нема да се пресели во многу поскромниот Даунинг стрит. Сепак, владата го негираше ова.

Даунинг стрит број 10 е седиште на британската влада и официјална резиденција на премиерот, но последните неколку – Тони Блер, Гордон Браун, Дејвид Камерон, Тереза ​​Меј и Борис Џонсон, всушност живееле со своите семејства во соседната куќа во број 11, каде што е министерството за финансии, но е и многу попростран простор за живеење.

Би можело да ве интересира

До вчера беше британски премиер, но доживеа голем пораз: „Ќе поднесам оставка“

Горан Наумовски

Сунак ненадејно ја откажа средбата со грчкиот премиер, се расправаат за скулптурата

Британија и Франција загрижени за ескалација на конфликтот во Газа: Нека основаат две држави

Катерина Ѓуровски

Британскиот премиер: „Мажот е маж, а жената е жена“

Британскиот премиер: Војната во Украина е предизвик, но ни се заканува уште полош конфликт

ВИДЕО: „Ова е мачно да се гледа“ – Бизарна снимка на која британскиот премиер се посрамоти во разговор со бездомник

Катерина Ѓуровски