Ринкевич: Кандидатите за членство треба да ги усогласат политиките со ЕУ

Од:

Земјите кандидати за членство во ЕУ треба да ги усогласат своите надворешни и безбедносни политики со оние на Унијата, изјави летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич.

Тој во интервју за „Јуроиен Вестрен Балканс“ и за српската новинска агенција Танјуг вели дека Летонија го поддржува процесот на проширување на ЕУ, бидејќи верува во него од лично искуство.

– Сеќавајќи се што се случи кон крајот на 80-те и 90-те години на минатиот век во балканскиот регион, веруваме дека доколку земјите од регионот се подготвени и ако ги исполнат критериумите и ги спроведат реформите и доколку сите во ЕУ се согласиме, тогаш би требало да продолжиме со проширувањето, изјави Ринкевич.

Тој нагласи дека тоа што некои земји, како што е Србија, која прогласи воена неутралност, не сакаат да станат членки на НАТО, не претставува пречка за нивно членство во ЕУ.

– Мислам дека треба да ја почитуваме одлуката на Србија да не бара членство во НАТО. Сметам дека немаме право да и диктираме на која било влада каква би требало да биде нејзината безбедносна политика. За нас членството во НАТО и ЕУ е комплементарно од многу причини, но ја почитуваме одлуката на секоја влада, без разлика дали е на Балканот или во источното соседство на ЕУ, рече Ринкевич.

Според него, Србија е слободна да избере само членство во ЕУ, но не и членство во НАТО.

Сепак, Ринкевич оцени дека би можело да дојде до големи проблеми доколку Европската комисија препорача да заврши процесот на пристапување на Србија кон ЕУ и започне нејзиното членство во блокот, а при тоа Белград продолжи да води политика која не е во согласност со надворешната и безбедносната политика на Унијата.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ