Повеќе илјади лица денес во Рим протестираа поради рекорната невработеност и бараа владата да го реши тој проблем.
Собирот е во организација на трите најголеми синдикати во Италија и е прв поголем протест од таков вид, откако на должност стапи коалициската влада.
Стапката на невработеност во Италија, во април достигна рекорд од 12 проценти, додека меѓу помладите од 24 години е дури 40 проценти. Според организаторите денес се собраа дури 100.000 лица.
Елена Георгиевска