Денес започнува првата седница на 115 кардинали од кои ќе се избере новиот папа.
Во Рим на сите страни се истакнати плакати кои повикуваат да се избере Петер Турксон од Гана.
Додека во Ватикан бргу се подготвува состанокот, Бенедикт во куќата Кастел Гандолфо свири на клавир, шета и одмара.
Портпаролот на светата столица, Федерико Ломбарди ги спореди Јован Павле II и Бенедикт XVI и истакна дека папата Бенедикт имал храброст поради старост да се повлече од функцијата.
Иако поминаа 600 години од последниот сличен случај, ватиканолозите сметаат дека не е исклучено Бенедикт да промовира нов обичај и дека и следниот папа ќе ја напушти функцијата и ќе замине во пензија.
Додека кардиналите се собираат во „вечниот град“, во Рим со плакати се повикува црниот кардинал Петер Турксон да стане нов папа.
Претседателот на Папинското мнозинство за правда и мир, кардинал од Гана ужива голем углед и многумина мислат дека може да го промени односот кон црквата и да ги смири спротивставените страни.
Печатот на Бенедикт е поништен и повеќе не може да се користи, а неговото име не се споменува ниту во молитвите.
Денешната прва конгрегација ќе ја води кардиналот Ангело Содано, државен секретар од времето на Јован Павле.
Елена Георгиевска