Ријад пресретна ракети на јеменските бунтовници

Од:

Саудиска Арабија соопшти дека „пресретнала и уништила“ ракети истрелани синоќа од јеменските бунтовници кон Ријад и друг град близу границата со Јемен.

– Саудиските воздушни одбранбени сили пресретнаа и уништија две балистички ракети истрелани од терористичката милиција Хути, рече Турки ал-Малики, портпарол на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која веќе пет години е во војна со Хутите.

Еден портпарол на вооруженото крило на Хутите во телевизиското обраќање изјави дека е изведена „најголемата воена операција“ досега во Саудиска Арабија.

Синоќа се слушнале најмалку три експлозии во Ријад, каде, како и во другите градови во Саудиска Арабија, во сила е полициски час поради пандемијата на коронавирус.

Ал-Малики соопшти дека дека нема убиени во нападот.

„Делови од ракетите паднаа на повеќе станбени области и двајца цивили се полесно повредени“, соопшти саудиската цивилна одбрана на Твитер.

Нападот беше осуден од јеменската влада.

„Продолжувањето на ваквите акции на милицијата поддржана од Иран … покажува дека тие не сакаат мир“, оцени Министерството за надворешни работи на Јемен на Твитер.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен